Admir Fazlagikj
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - ТАВ Македонија денеска соопшти дека ќе бидат воведени нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што информираат од ТАВ Македонија холански тур-оператор ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром, на кој веќе летаат авиони од Холандија, на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам секој понеделник и петок, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид.
Според најавеното, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, се очекуваат 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година.
Меѓу другото, ТАВ Македонија информираше дека во 11-те месеци од 2017 година забележан е пораст на бројот на патници од 13% пораст, достигнувајќи 1,9 милиони патници (1.876.304) на двата македонски аеродрома – Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.
Во исто време, бројот на летови е зголемен за 7%, достигнувајќи вкупно 16.756 летови.