Agim Sulaj
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 51 случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 561, меѓу кои 12 починати и 102 излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, но излекувани се уште девет лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 102.
Овој институт соопшти дека денес се извршени 295 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 4.656.