Saniye Hülya Çorakçı Ertan
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека двајцата претседатели разговарале за билатералните односи и регионалните прашања.
Се наведува дека Ердоган и Трамп се согласиле во духот на солидарноста кој го налага сојузништвото во НАТО сојузот да продолжат со блиската соработка во борбата со пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) кој претставува закана за јавното здравство и економиите на земјите.