Agim Sulaj
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 10 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 955, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 29.
Уште еден пациент е излекуван од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 691.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 236 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 11.178.