Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4.6 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 4.600.243.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде вкупно 1.472.312 лица се заразени со Ковид-19.
По САД следуваат Шпанија со 274.367 случаи, Русија со 262.843 случаи, Велика Британија со 236.711 случаi, Италија со 223.885 случаи, Бразил со 212.198 случаи, Франција со 178.870 случаи, и Германија со 175.223 случаи.
Според последните податоци, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во Турција изнесува 146.457.