Agim Sulaj
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово се откриени уште 23 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 250 лица, меѓу кои починати и излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во ова соопштение се вели дека денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се тестирани 189 примероци, од кои 23 резултирале позитивно на Ковид-19.
Вкупниот број на излекувани лица изнесува 52.
Од 8 февруари досега се тестирани 2.876 сомнителни лица, од кои вкупно 250 се заразени со овој вирус, меѓу кои 7 починати и 52 излекувани лица.