Kemal Karadağ
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
АНКАРА (AA) - Министерството за внатрешни работи (МВР) на Турција воведе полициски час во текот на викендот во 31 турски град, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за новите мерки на Турција во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), а како што е наведено во соопштението на турското МВР, во наредните 48 саати, почнувајќи од вечерва назабрана за движење во рамките на 31 турски град.
Со полицискиот час се опфатени следните градови: Адана, Анкара, Анталија, Ајдин, Баликесир, Бурса, Денизли, Дијарбакир, Ерзурум, Ескишехир, Газиантеп, Хатај, Истанбул, Измир, Кахраманмараш, Кајсери, Коџаели, Коња, Малатија, Маниса, Мардин, Мугла, Орду, Сакарја, Самсун, Шанлиурфа, Текирдаг, Трабзон, Ван и Зонгулдак.
За најновите мерки информирани се гувернерите на спомнатите градови.