Agim Sulaj
18 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово откриени се уште 31 случај со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 480, меѓу кои 12 починати и 84 излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, но излекувани се уште пет лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 84.
Инаку, во текот на денот беше соопштено дека почина уште еден пациент од општина Урошевац, кој беше заразен со овој вирус, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 12 лица.
Се вели дека денес биле извршени 209 тестирања за Ковид-19, додека вкупната бројка на извршени тестирања во земјата изнесува 4.124.