Agim Sulaj
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште две лица починаа како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се искачи на 3 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство на Косово.
Во соопштението се нагласува дека двајцата пациенти, 59-годишен маж од Приштина, и 70-годишна жена од селото Кориша во Призрен, починале денес.
Со ова, вкупниот број на починати како последица на Ковид-19 во Косово се искачи на 3 лица.
Инаку, во Косово досега се откриени 145 случаи со Ковид-19, од кои 23 се излекувани, а 3 починати.