Samir Kajoševic
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора регистрирани се девет нови случаи на коронавирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопштија дека сите заболени се од Подгорица.
„Анализирани се 85 примероци, од кои девет се позитивни на новиот коронавирус. Сите новозаболени се од Подгорица. Шест се контакти на претходно потврдени случаи, а за три се утврдува изворот на заразување“, велат од Институтот.
Во Црна Гора досега вкупно 223 лица се заразени со коронавирусот.