Zülfiya Yakup
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
ПРИШТИНА (AA) – Вработените во здравството во Косово на сите нивоа стапија во полудневен штрајк, незадоволни се од суспензија на новиот закон за плати кој треба да им обезбеди зголемување на платите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Уставниот суд на Косово вчера го суспендираше во целост новиот закон за плати во јавнот сектор до 30 март 2020 година, откако Народниот правобранител на Косово бараше да се испита неговата уставност.
Поради таквата одлука, синдикатите на вработените во здравството и во образованието најавија штрајкови.
Претседателот на синдикатот на Главниот центар за семејна медицина во Приштина Шериф Маколи рече дека штрајкот во нивниот центар почна во 7 и траеше до 15 часот, и дека на тој начин изразува незадоволство со суспензија на новиот закон за плати.
„Ние сме за тоа овој закон секако да се смени. Тоа за прв пат во слободната Република Косово станува закон кој регулира повеќе работи, иако постојат и мали незадоволства, но од клучна важност е овој закон да стапи во сила. Работниците секако очекуваа зголемување бидејќи ја знаеме економската ситуација и состојбата на здравствените работници", вели Маколи за АА.
Нагласи дека суштината на овој штрајк е во подобрување на економските услови на лекарите на Косово, кои во случај да не им се зголемат платите можат да одат од земјата и да работат во било која друга европска земја со подобри услови.
Денес покрај здравствениот сектор, требаше да штрајкуваат и вработените во образованието во текот на првите два часа од наставата, но во Приштина не сите училишта се придружија на штрајкот.
Законот за плати во јавниот сектор е усвоен на 1 март оваа година, но стави во сила девет месеци по објавување во Службениот весник, односно на 1 декември оваа година.
Кога законот стапи во сила на Уставниот суд на Косово му се обрати народниот правобранител и побара испитување на уставноста на тој закон. Потоа Уставниот суд одлучи во целот да го суспендира новиот закон за плати во јанвиот сектор до 30 март 2020 година, „непрејудицирајќи го барањето за испитување на уставноста на спорниот закон".
Народниот правобранител побара испитување на уставноста на законот затоа што претендира дека со него, покрај останатото, се кршат членови на Уставот кои се однесуваат на еднаквост пред законот, поделба на власта, директна примена на меѓународни договори и инструменти, како и да се органичуваат основните права и слободи.
Народниот правобранител изјави дека примил вкупно 35 поеднинечни жалби од различни субјекти во јавниот сектор и дека во интерес на подносителите на жалбите, но и на јавноста е Судот да процени дали оспорениот закон влијае на легитимните интереси на овие подносители на жалбите.