Zylfije Adem Jakupi
25 Јуни 2023•Ажурирај: 27 Јуни 2023
ПРИШТИНА (АА) - Мајка и дете ги загубија животите синоќа во поплавите во градот Пеќ во Косово, јавува Анадолу.
Регионалната полициска управа на Пеќ соопшти дека на 24 јуни 2023 година, како последица на поплавите во градот Пеќ, во населбата Аслан Ќешме, животот го загубило едно дете, а неговата мајка исчезнала.
Околу 23:10 часот регионалната болница во Пеќ ја известила полицијата за прием на петгодишно дете без знаци на живот.
По акцијата на полициската единица со помош на единицата за пребарување и спасување на Косовските безбедносни сили, околу 1:20 часот по полноќ, пронајдено е телото на исчезнатото женско лице, чија смрт била констатирана од лекарска екипа.
Исто така, во населбата Фиданиште во Пеќ две повредени лица се пратени во регионалната болница.