Zylfije Adem Jakupi
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово починаа 16 лица од последиците на коронавирусот (Ковид-19), додека се регистрирани и 258 новозаразени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт на јавното здравје на Косово соопшти дека се тестирани 480 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 258 резултираа позитивно.
Од 8 февруари кога почна тестирањето на Ковид-19 тестирани се 36.050 лица, а вкупно има 8.104 позитивни случаи, а 212 смртни случаи.
Во последните 24 часа излекувани се 196 пациенти, додека денес вкупниот број на излекувани лица изнесува 4.463. Активни се 3.429 случаи на заразување со Ковид-19.