Mümin Altaş
30 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 213.539, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 43.236 тестирања за Ковид-19, од кои 967 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 15 лица како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 982 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 4.754.331 тестирање на Ковид-19, откриени се вкупно 229.891 случај на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.674 лица.
Во земјата досега се излекувани вкупно 213.539 пациенти.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Вчера имавме 542 пациенти кои беа во тешка состојба, додека оваа бројка денесе се зголеми на 561. Во последните 24 часа направени се над 43.000 тестирања, од кои 967 резултираа позитивни. Бројот на нови пациенти, кој во извесно време се намалуваше кон 900 лица, постојано се расте. Бројот на излекувани лица и бројот на нови пациенти се блиски“, напиша Коџа.