Agim Sulaj
03 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 3 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.509, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 341 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 61.086.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.357 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 240.696 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 53.017 лица. Во моментов во земјата има 6.560 активни случаи.