Husamedin Gina
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
СКОПЈЕ
На денешното рочиште во врска со случајот „Монструм“ своите завршни зборови ги кажаа адвокатите на семејствата на жртвите и одбраната на обвинетите, а пресудата за обвинетите во случајот ќе биде изречена на 23 февруари оваа година, јавува Агенција Анадолија (АА).
На денешното рочиште во врска со случајот „Монструм“ своите завршни зборови ги кажаа адвокатите на семејствата на жртвите и одбраната на обвинетите.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, во завршните зборови на одбраната во овој судски процес истакна дека „обвинетите не се вистинските сторители и оти станува збор за конструиран случај."
Рауфи истакнувајќи дека се длабоко убедени дека е случајот „Монструм“ е „исконструиран" рече дека „поранешните обвинители на СЈО кои го водат предметот се несериозни."
Во завршниот збор, адвокатот Насер Рауфи исто така додаде дека „обвинетите се невини и дека тие не се терористи."
Инаку, на минатото рочиште на 21 јануари оваа година, обвинителката Фатиме Фетаи во своето завршно обраќање напишано на 70 страници, рече дека двајцата кои се во бегство, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, го извршиле убиството. Хаки Азири е обвинет дека им помогнал, но без да знае дека тие извршиле убиство. Што се однесува до Фејзи Азири, обвинителката него го обвини дека им помогнал на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ да избегаат. За обвинетиот Сами Љута, обвинителката Фетаи рече дека обвинението е повлечено поради недостиг на докази.
На 29 јануари, семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, нивни роднини и други граѓани одржаа протест во Скопје поради незадоволството од работата на Обвинителството, притоа истакнувајќи дека обвинетите се невини.
- Случај „Монструм”
Судењето за случај „Монструм” започна на 20 декември 2012 година. Во овој случај на 12 април 2012 година се убиени пет лица кај Смилковско Езеро.
Во јуни 2014 година, шест обвинети лица во процесот „Монструм“ се осудени на доживотна казна затвор. Едно лице беше ослободено од обвинението.
Врховниот суд на 24 ноември 2017 година, донесе одлука предметот „Монструм“ да се отвори повторно, а осудените лица да се пуштат од затвор под мерка на претпазливост.
Неутврдена фактичка состојба, како и евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката, беа причините за барањето на Обвинителството Врховниот суд да донесе одлука повторно да се отвори овој случај.