Zylfije Adem Jakupi
30 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово се детектирани 752 новозаразени со Ковид-19, додека 14 лица починаа од последици предизвикани од заразеност со вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека во текот на последните 24 часа се тестирани 3.892 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 752 се позитивни.
Во истиот период животот го загубија 14 лица од последици на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 1.858.
Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 89.507. Досега е спроведено тестирање на 422.380 примероци сомнителни на коронавирус.
Во последното деноноќие оздравеа 665 лица, вкупно 73.983 од почетокот на заразата во земјата. Во моментов во Косово активни се 13.666 случаи на зараза со коронавирус.