Zylfije Adem Jakupi
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Националниот инститиут за јавно здрдавје на Косово соопшти дека последните 24 часа во Косово починаа 11 пациенти од последици предизвикани од Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од тестираните 1.791 примерок сомнителни на Ковид-19, 765 биле позитивни.
Во последното деноноќие оздравеа 193 заразени, вкупно 17.055 од почетокот на пандемијата.
Досега во Косово е спроведено тестирање на 117.585 лица, од кои 28.616 биле позитивни на коронавирусот, а 809 заразени починале од последици предизвикани од Ковид-19.
Во моментов во Косово се активни 10.752 случаи на заразеност со Ковид-19.