Admir Fazlagic
14 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Репубика Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.168 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 46.062, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 починати се 18 лица во последното деноноќие, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 1.281.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 26.981.
Бројот на активни случаи изнесува 17.800.
Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на Ковид -19. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања.