Zylfije Adem Jakupi
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ПРИШТИНА
Вршителот на должноста претседателка на Косово, Вјоса Османи, го распушти седмиот состав на Собранието на Косово и распиша предвремени парламентарни избори за 14 февруари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Претседателството на Косово е соопштено дека врз основа на уставните одговорности и одлуката на Уставниот суд на Косово, а по консултациите со парламентарните партии, османи донесе одлука за распишување на предвремените парламентарни избори за 14 февруари 2021 година.
Се додава дека со оваа одлука на Централната изборна комисија ѝ се дадени наредби да ги презеде сите неопходни активности за организација и одржување на изборите за Собранието на Република Косово.
Османи, исто така, издаде указ за распуштање на седмото законодавно тело на Собранието на Косово.
Одлуката доаѓа откако Уставниот суд на Косово денес објави комплетна одлука со која изборот на Владата на Косово на чело со премиерот Авдулах Хоти е прогласен за неуставен и наредено е да се оди на предвремени избори.
В.д. претседателката Османи имаше рок да ги распише изборите за 40 дена од денот на распишување.
Уставниот суд на барање на Движењето Самоопределување ја разгледуваше уставноста на гласот на пратеникот Етем Арифи од Ашкалиската партија и неговиот глас е прогласен за неважечки затоа што беше правосилно осуден на година дена и три месеци затвор поради корупција.