Admir Fazlagic
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 622 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 85.328, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 12 лица, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.571.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.689 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 65.793.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 16.964
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.452 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 409.991 тестирања.