Djihat Aliju
23 Ноември 2026•Ажурирано: 23 Ноември 2026
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година, јавува Анадолу.
Мицкоски го соопшти ова по настан одговарајќи на новинарско прашање дали најавената кампања на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е подготовка на предвремени избори.
„Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година“, рече тој.
„Некаде на крајот на декември 2027 година имаме избор на техничка влада, така што би рекол дека мојот мандат како претседател на Владата е нешто повеќе од една година и еден месец“ додаде Мицкоски.
Мицкоски додаде дека целта на теренските посети е да се утврди што недостасува и каде може да се подобрат владините политики.
Последните парламентарни избори во Северна Македонија се одржаа на 8 мај 2024 година.