Furkan Abdula,Agim Sulaj,Fatjon Cuka
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Постот за месецот Рамазан за муслиманите заврши, а денес е извршена молитвата по повод големиот празник Рамазан Бајрам, кој се одбележува по месецот на постот. Веднаш по молитвата муслиманите овој празник го прославуваат во кругот на семејството и своите најблиски и пријателите, посетувајќи се меѓусебно, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Исламската заедница на Северна Македонија (ИВЗ), во присуство на поглаварот, реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи кој ја предводеше молитвата на која беа присутни голем број муслимани, во Мустафа пашината џамија во Скопје се одржа централниот настан за Рамазан Бајрам.


Во овие рамки се читаа делови од светата книга за муслиманите, Куранот, се интерпретираа духовни песни (илахи) на различни јазици на етничките заедници кои живеат во Република Северна Македонија.
Хутбето (Пригодното предавање по повод празникот) беше прочитано на македонски, албански и турски јазик.
По бајрамската молитва, во изјава за медиумите, поглаварот на ИВЗ, Сулејман ефенди Реџепи, рече дека на овој празничен ден треба да се солидаризираме со тие кои имаат потреба.
„Го молам семоќниот Аллах во чест на овој голем празник, Фитр Бајрам кој го одбележуваат сите муслимани во светот, Аллах да ни помага, да не поддржи, неговата милост и помош нека биде со нас“, додаде Реџепи.
- Одбележување на Рамазан Бајрам во градовите во регионот
И во главниот град на Албанија, Тирана, денес е извршена молитвата по повод Фитр Бајрам. Илјадници верници се собраа на плоштадот „Скендербег" во центарот на градот на бајрамската молитва.

Централната манифестација во Косово, по повод Рамазан Бајрам се одржа во Султан Мехмет Фатих џамијата во Приштина, а пригодно бајрамско обраќање имаше претседателот на Исламската заедница на Косово, муфтијата Наим Тренава.
Тернава се осврна на миграцијата на жителите на Косово, упатувајќи апел за единство за иднината на Косово.

Исто така, и во другите градови во земјите од регионот се изврши бајрамската молитва. Оние кои ги предводеа молитвите во своите пораки до верниците порачаа дека празникот Бајрам е можност да се подели радоста со останатите верници, членови од семејството, соседи и пријатели.