Zylfije Adem Jakupi
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово е спроведено тестирање на 580 сомнителни примероци, од кои 46 биле позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), а нема починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Косово спроведено е тестирање на 67.874 лица, при што кај 15.620 е детектиран коронавирусот, а 625 лица починаа од последиците на заразеност со Ковид-19.
Во последните 24 часа оздравеа уште 62 пациенти, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 13.554. Во моментов во Косово активни се 1.441 случај на заразеност со Ковид-19.