Dzihat Aliju
21 Јули 2026•Ажурирано: 21 Јули 2026
Силното невреме што го зафати главниот град Скопје, негативно влијаеше врз секојдневниот живот низ целиот град, јавува Анадолу.
Како последица на силното невреме што се појави во вечерните часови во Скопје, многу дрвја и семафори беа урнати, додека покривите на неколку згради беа откорнати, предизвикувајќи материјална штета.
Поради невремето, паднатите дрвја го попречија патниот сообраќај, додека во многу делови од градот беа регистрирани и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во изјава објавена на социјалните мрежи по невремето, информираше дека Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни единици и јавни институции, е целосно мобилизиран и е во состојба на готовност за брза и навремена интервенција.
Иако невремето предизвика материјална штета, сѐ уште нема официјално соопштение дали има жртви или повредени. Слични сцени беа регистрирани и во Куманово.