Балкан

Нимиц: „Двете страни се посветени кон решавање на проблемот“

Специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц кој е задолжен околу решавањето на прашањето околу Македонија и Грција изјави: „И двете страни се посветени кон решавање на проблемот и се движат во таа насока“.

Aşkın Kıyağan  | 25.04.2018 - Обновена : 26.04.2018
Нимиц: „Двете страни се посветени кон решавање на проблемот“ (Foto: Aşkın Kıyağan / AA)

Burgenland

ВИЕНА (АА) – Специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц кој е задолжен за решавање на прашањето на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција изјави дека и двете страни се посветени кон решавање на проблемот и се движат во таа насока, јавува Anadolu Agency (AA).

Нимиц во канцеларијата на Обединетите нации во Виена се состана со министерот занадворешни работи на Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас со цел изнаоѓање на решение за проблемот околу името што го имаат двете земји.

Средбата се одржа зад затворени врати, а на прес-конференцијата по средбата, Нимиц потсети дека 7 месеци во тек се средби за решавање на проблемот со името, истакнувајќи дека министрите од двете земји размениле мислења околу гледиштата кон проблемот.

Нимиц рече дека и двете страни на многу отворен начин го разгледале проблемот, истакнувајќи дека таквата ситуација е многу значајна.

„И двете страни се посветени кон решавање на проблемот и се движат во таа насока. Процесот продолжува во престојните недели“, истакна Нимиц говорејќи за состанокот со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.

Потсетуваме, средба со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција во Виена во ист формат имаше и на 30 март оваа година, а во меѓувреме, шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас, се состанаа на 12 април во Охрид.

По средбата Димитров и Коѕијас порачаа дека има напредок, но дека остануваат најтешките теми од преговорите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.