Agim Sulaj
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа двајца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 647, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 49 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 16.179.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 680 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 74.586 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 14.335 лицa. Моментално има 1.197 активни случаи.