Handan Kazancı,Firdevs Bulut
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција најави низа нови мерки за спречување на ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19) која зазеде илјадници животи ширум светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, најави полициски час кој ги ограничува лицата под 20-годишна возраст да ги напуштат своите домови, освен во случаи на неопходни потреби.
Ердоган нагласи исто така најави 15-дневна забрана за излегување и влегување на возила во 31 област во Турција, вклучувајќи го и Истанбул, како и Анкара, Измир, Бурса, Адана.
Според него, носењето на маски за лица во фрекфентните зони, вклучувајќи ги продавниците, е исто така задолжително.
Турскиот претседател Ердоган додаде дека од 83 милиони луѓе кои живеат во Турција зависи кога животот ќе се врати во нормала.
„Колку добро ќе се придржуваме до мерките, толку текот на заразувањето ќе биде ставен под контрола", рече Ердоган.
Тој се осврна и на кампањата на солидарност истакнувајќи дека веќе 3 ден од кампањата околу 304.000 поединци и организации донирале милијарда и 61 милион лири.
Во изминатите 24 саати за коронавирус тестирани се 16.160 лица, а резултатите за 2.786 лица беа позитивни. Бројот на вкупно заразени луѓе во Турција се зголеми на 20.291.
Во изминатите 24 саати од последиците на заразувањето со Ковид-19 во Турција починаа 69 лица, со што вкупниот биланс на починатите во таа земја е зголемен на 425.
Во Турција за коронавирусот се тестирани вкупно 141.716 лица.