Dzihat Aliju
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Завршија подготовките на институциите за колење и делење на курбаните во Македонија, Албанија и во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Организации од Турција, како турската Црвена полумесечина и Турската фондација за верски прашања (ТДВ), како и голем број други организации и здруженија пристигнаа во земјите на Балканот за колење и делење на курбан за сиромашните семејства.
ТДВ оваа година на целиот Балкан ќе заколе и ќе подели курбан за 9.350 семејства. Во Македонија ќе се колат 177 грла добиток, односно ќе се подели курбан за 1.239 семесјтва од социјално ранлива категорија во Западна Македонија.
Исто така, ТДВ ќе подели курбани и во Албанија, за 1.800 семејства во Тирана, како и за 1.500 семејства во Скадар. Во Косово ќе се колат и ќе се поделат вкупно 200 курбани, во Мамуша, Витина, Малишево и во Драгаш.
Исто така, и турската Црвена полумесечина е меѓу организациите што ќе делат курбан во Македонија, Албанија, и Косово.
Турската Црвена полумесечина се очекува во Македонија да подели курбан за 2.100 семејства, во Албанија за 2.100, како и за 1.400 семејства во Косово, во 14 градови во земјата.
Во делењето курбани во Македонија ќе учествува и генералниот претседател на турската Црвена полумесечина, д-р Керем Киник.
Турската хуманитарна организациија за човекови права и слободи (ИХХ) ќе подели курбан за 900 лица во околината на Тирана.