Fikriye Susam Uyar
03 Јуни 2016•Ажурирај: 04 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Трговците на египетскиот пазар (Мисир чаршија) во Истанбул ги пoдготвија своите тезги за светиот месец на муслиманите, рамазан, до кој останаа уште неколку дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Трговците на полиците ги изложија најдобрите урми, сувомеснати производи, маслинки, ораси и сушени кајсии.
Жителите на Истанбул, веќе започнаа со предрамазанско купување. Туристите најмногу зимаат урми.
Трговец во чаршијата е и Ерол Сенер кој кажа дека урмите најмногу се конзумираат за време на Рамазан, па со самото тоа продажбата на урмите во тој месец е најголема.
Тој истакна дека за време на месецот на постот се продаваат околу десет видови урми, како и сушени кајсии, сок од јаболка, круша, кајсија и грозје.
„Египетскиот пазар во Истанбул спремен за рамазан. На купувачите на тезгите им се нудат урми, кајсии, природни сокови...Нашите тезги се спремни. Нема поскапување, дури и имаме попусти на некои производи. Цените се исти како и минатата година. Рамазанските тезги ги поставивме пред неколку дена. Интересот е голем. Луѓето за време на Рамазан, наместо преработен, преферираат домашен сок ”, појасни Сенер.
Рамазан е деветиот месец на исламскиот календар кој муслиманите го поминуваат во пост од зори до заоѓање на сонцето, настојувајќи да го стекнат задоволството на Алах, морално прочистување и духовна сила.
Во овој избран месец се наоѓа и ноќта Лејлету-л-кадр во која започна спуштањето на Божјата објава, Куранот и ноќта на Бедр,историски настан кој силно е фокусиран на историјата на исламот.
Оваа година, постот Рамазан започнува во понеделник, 6-ти јуни.
Рамазан е месец на задолжителен пост за сите полнолетни, здрави муслимани кои не се на пат. Секој полнолетен, здрав, слободен муслиман е должен да пости секој ден од зори до заоѓање на Сонцето. То е трет темел на исламот.