Admir Fazlagic
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во близина на влезот во железничката станица „Смоквица“, утринава, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, наишол на група мигранти, при што удрил двајца од нив, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На 30.08.2018 година околу 05:00 часот во близина на влезот во железничката станица „Смоквица“, патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје наишол на група мигранти, при што удрил во две лица. Според кажувањето на лицата, повредените се на возраст од 26 и 27 години и се од Алжир“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Македонија.
Како што соопштуваат, со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Општата болница Гевгелија, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди и се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.
Од МВР информираат и дека е извршен увид на местото на настанот.