Sibel Vezaj
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ПРИШТИНА (AA) - По вчерашната акција против шест државјани на Турција, припадници на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во Косово, косовскииот премиер Рамуш Харадинај побара итна смена на министерот за внатрешни работи на Косово Фламур Сефај и директорот на Косовската разузнавачка агенција Дритон Гаши, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Врз основа на уставните надлежности, како премиер на Република Косово, побарав итна смена на директорот на Косовската разузнавачка агенција Дритон Гаши и министерот за внатрешни работи Фламур Сефај. Укинување на дозвола за престој, приведување, како и итна и тајна депортација на шестмина турски државјани од територијата на Косово во Турција се случи без информирање на претседателот на Владата и без негова дозвола", изјави Харадинај, соопштено е од неговиот кабинет.
Турската разузнавачка агенција (МИТ) вчера изведе операција против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ на Балканот и во Турција префрли шест претходно пребегнати истакнати членови на таа организација.
Неименуван безбедносен извор за Anadolu Agency (AA) соопшти дека МИТ во соработка со косовската разузнавачка служба изведе успешна антитерористичка акција против терористичката мрежа ФЕТО на Балканот.
Во текот на акцијата фатени се и со посебен лет во Турција се префрлени Џихан Озкан, Кахраман Демирез, Хасан Хусеин Ѓунакан, Мустафа Ердем, Осман Каракаја и Јусуф Карабина.
Шестмината фатени лица се предадени на турските надлежни органи на понатамошно процесуирање.
По акцијата, Харадинај побара целосен извештај од директорот на Разузнавачката агенција, генералниот директор на Полицијата на Косово и министерот за правда.