Andelija Stojkovic
13 Април 2019•Ажурирај: 14 Април 2019
БЕЛГРАД (AA) - Повеќе илјади луѓе од цела Србија се собраа денес во Белград на протестот Еден од пет милиони, кој почна пред Собранието на Србија, од каде протестната колона тргна кон Владата на Србија, од каде ќе оди кон Плоштадот Славија, а потоа повторно до Собранието на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозицијата на протестот рече дека полицијата е во Собранието на Србија, пред кое се одржува протестот, како и дека многумина граѓани се оневозможени да дојдат на протестот бидејќи се запрени поаѓањата на автобусите за Белград.
Граѓаните носат транспаренти „Кој ќе го предаде Косово, ќе ја предаде и Војводина", „Вучиќ, Нови Сад не е со тебе"...
Според тврдењата на полицијата на собирот присуствуваат околу 7.400 лица, додека опозицијата тврди дека ги има повеќе