Furkan Abdula
19 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателството на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА) во рамките на проектот „Поддршка за техничко опремување на Агенцијата за цивилно воздухоповство на Македонија“ донираше техничко опремување за Агенцијата за цивилно воздухпловство, јавува Anadolu Agency (AA).
На примопредавањето учествуваа Д-р Махмут Чевик, претседател на одделот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Ајтекин Ајден, координатор на ТИКА во Скопје, како и Горан Јандреоски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
За Агенцијата за цивилно воздухопловство беше обезбедена поддршка за техничко опремување во којашто се вклучени 30 компјутери, како и потребниот софтвер во областа на цивилното воздухопловство, со дел да се зајакне техничката инфраструктура, економските критериуми, како и безбедносните услови во работите под нивна надлежност.
Чевик во изјава за медиумите истакна дека денес се реализира втората фаза од проектот којшто е започнат во 2015 година од страна на ТИКА.
Чевик потсети дека ТИКА веќе 12 години во секоја област ѝ дава поддршка на Македонија. „Ние како Турција, како институција за развој на турската држава, до денес дадовме поддршка за напорите за равој на Македонија во секоја област“, истакна Чевик.
Тој истакна дека овој проект во областа на цивилното воздухопловство го реализираат под покровителство на сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, и посака овој проект да биде за доброто на македонското цивилно воздухопловство.
Од друга страна, Јандреоски вели дека ТИКА дала поддршка за нивната Агенција, со цел безбедно раководење со воздухопловството во земјата.
Јандреоски изрази благодарност за поддршката во минатото, за оваа денеска и за соработката што ќе се продлабочува во идниот период.
„Поддршката ќе ја оправдаме во иднина, со тоа што ќе се погрижиме на небото на Република Македонија да има сѐ повеќе прелети, да се прошири соработата со турските власти, со турските авиокомпании што ќе летаат кон Македонија, кон македонските аеродроми“, нагласи Јандреоски.
Потсетуваме, во 2015 година, Претседателството на ТИКА даде поддршка за техничко опремување на Агенцијата, поддршка во којашто се вклучени 18 компјутери, еден специјален софтвер како и 15 таблети.