Zylfıje Adem Jakupı
13 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
КОСОВО (AA) - Премиерот на Косово, Албин Курти, прими честитка од државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Помпео и амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Американскиот државен секретар му честиташе на народот на Косово за успешните и демократски избори и го поздрави формирањето на Владата на Косово, надевајќи се на поблиска соработка во постигнување на заедничките цели, како што се владеењето на законот и нормализација на односите со Србија“, соопштено е од Владата на Косово.
И амбасадорот Коснет му честиташе на премиерот Курти за изборот на премиер, нудејќи уште поблиски односи помеѓу Косово и САД во развој на мирот и просперитетот во земјата.
Пратениците на Собранието на Косово на 3 февруари ја изгласаа новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти, лидерот на Движењето Самоопределување".