Furkan Abdula
13 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во анкетата спроведена во Република Северна Македонија во која анкетираните биле прашувани за омилениот светски политички лидер, првото место го зазеде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувачката агенција „Брима“, која е дел од Меѓународната агенција за истражувања „Галуп интернешнал асосиејшн (Gallup International Association (GIA)) со седиште во Швајцарија, информираше дека во анкетата што ја спровеле, 60 % од анкетираните имале позитивно мислење за претседателот Ердоган.
Зад претседателот Ердоган следува германската канцеларка Меркел со 54 %, а на третата позиција се наоѓа претседателот на Русија, Владимир Путин. Четврти е духовниот водач на католичкиот свет, папата Франциск, а на петтото место е претседателот на САД, Доналд Трамп.
Инаку, претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој стави вето на започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ се најде на последното место на листата. Позитивно мислење за Макрон имале 21 % од анкетираните.