Admir Fazlagic
27 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Американскиот државен секретар Мајк Помпео од 1 до 6 октомври патува за Ватикан, Црна Гора, Северна Македонија и Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Стејт Департментот на својата официјалнта интернет страница, за време на посетата на Италија, Помпео ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан, а во о Рим ќе има средби со претседателот Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
Во Црна Гора, Помпео ќе има средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.
Во Северна Македонија, според соопштението на Стејт Департментот, американскиот секретар Помпео ќе има средби со претседателот Пендаровски, премиерот Зоран Заев, а во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.
Според најавеното, од Северна Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Кирјакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Николаос Дендиас.