Admir Fazlagic
08 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Дебар, Тетово, Гостивар, Скопје и околината е почувствуван земјотресот што се случи попладнево во 15:53 часот во соседна Албанија со епицентар во граничното епицентрално подрајче Дебар-Пешкопеја, со интензитет од 4,8 степени според Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, во Дебар земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени, во Тетово и Гостивар со четири степени, а во Скопје и околината од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 50 километри северозападно од Тирана.