????? ????????
25 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Во присуство на владини претставници, државни функционери, министри, дипломатскиот кор во земјава, како и разни граѓански организации денеска во центарот на градот Скопје, на плоштадот “Карпошово востание” се одбележа Меѓународниот ден за борба против насилството, јавува Anadolu Agency (AA).
Сите оние кои дојдоа на одбележување на Денот против насилството врз жената добија портокалови шалови и чадори, собирајќи се во круг, на тој начин, кажувајќи “НЕ” за насилството против жената. ,
,Тука сме да ги искажеме нашите заложби, дека насилството врз жените не треба да се третира само кога има насилство или само на денот кога се одбележува Денот на борбата против насилството, туку напротив дека нам ни трба говор на љубов, говор на толеранција, елиминирање на сите форми на дискриминација, осудување на сите форми на дискриминација ,стигматизација и говор на омраза” , изјави министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Исто така, на одбележувањето на Меѓународниот ден на насилството против жената присуствуваше и министерот за правда, Аднан Јашари.
Пораките на осудување исто така ги упатија и претставниците на Обединетите Нации во Република Македонија, како и амбасадорите на САД, Мисијата на ЕУ во Македонија, Велика Британија, Италија, Франција и другите земји.
Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените – 25 ноември, ќе спроведе 16-дневна кампања со цел запирање на кршењето на правата на жените.
„Обој го светот во портокалово, стави точка на насилството врз жените и девојките“ е насловена кампањата која од денес до 10-ти декември ќе се спроведе на глобално ниво.
Како што покажуваат истражувањата една од три жени или девојки во светот е жртва на некаков вид на насилство.
За симбол на светла иднина без насилство врз жените е одбрана портокаловата боја, велат организаторите кои најавија низа активности во следните 16 денови, со цел да се насочи вниманието на целото општество и да се предизвика акција за елиминирање на сите форми на насилство врз жените.
Преку оваа акција и Македонија се вклучува кон глобалната кампања за подигнување на свесноста и поттикнување на голема акција против кршењето на основните човекови права.