Adel Omeragic
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
ПОДГОРИЦА (AA) - Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев допатува во Подгорица, во дводневна официјална, возвратна посета на Црна Гора на покана на црногорскиот премиер Душко Марковиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Заев на аеродром Голубовци го пречека потпретседателот на црногорската Влада Милутин Симовиќ, заедно со останатите членови на владата.
„Срдечно добредојде на колегата и пријателот Заев. Има многу теми кои во традиционално конструктивен дух ќе ги разгледаме утре на седница на владите. Оваа посета е многу повеќе од протокол", наведе премиерот Душко Марковиќ на својот Твитер профил.
За време на посетата ќе биде организирана заедничка седница на владите на Црна Гора и Северна Македонија, после што ќе бидат потпишани повеќе билатерални документи.
Исто така, најавен е и Бизнис форум Црна Гора – Северна Македонија, на која ќе учествуваат претседатели на владите, министри и стопанственици на двете држави. На крајот на посетата планирана е прес-конференција на двајцата премиери.