Dzihat Aliju
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, упатија честитки по повод 8 Септември - Денот на независноста на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Османи преку својот твитер-профил упати честитка по повод 30-годишнината од независноста на Северна Македонија.
„Нека им е честит Денот на независноста на нашите пријатели и соседи од Република Северна Македонија. Со нетрпение очекуваме тесно да соработуваме со вас во наредните години“, напиша Османи.
Од друга страна, честитката на министерката Гервала-Шварц е објавена на твитер-профилот на Министерството за надворешни работи на Косово.
Таа упати честитки до граѓаните и Владата на Северна Македонија, истакнувајќи дека Косово и Северна Македонија имаат силна и стратешка врска фокусирана на економијата, образованието, безбедноста и интеграцијата во ЕУ.
„Нашите луѓе се, исто така, поврзани преку семејни, академски и трговски врски. Се нетрпение очекуваме да ги продлабочиме нашите билатерални односи за време на нашата заедничка владина средба наредната недела“, се вели во честитката.