Балкан

Претседателот Ердоган прогласен за почесен граѓанин на Нови Пазар

Статусот почесен граѓанин на турскиот претседател Ердоган му се доделува поради посебната афирмација и придонес во развојот на градот Нови Пазар

Medin Haliloviç  | 20.04.2018 - Обновена : 21.04.2018
Претседателот Ердоган прогласен за почесен граѓанин на Нови Пазар

Novi Pazar

НОВИ ПАЗАР (АА) - Собранието на градот Нови Пазар, Србија, денес на свечената седница по повод 557. роденден на градот, донесе одлука турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, да ја понесе титулата почесен граѓанин на тој град, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што се наведува во образложението на одлуката, статусот почесен граѓанин на турскиот претседател Ердоган му е доделен поради посебната афирмација и придонес за развојот на градот Нови Пазар.

За одлуката за доделување на „Повелбата заслужен граѓанин на Нови Пазар“ на Ердоган, гласаа сите присутни одборници.

Градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац, на свечената седница истакна дека актуелниот претседател на Република Турција направил многу за градот Нови Пазар.

„Голем број проекти, вложувања во инфраструктурата, стопанството и во напорите за зачувување на културно-историското наследство на нашиот крај, се само некои од причините за овој симболичен гест“, рече Бишевац.

Реџеп Таип Ердоган е првиот висок претставник на Република Турција кој двапати престојуваше во Нови Пазар и Санџак, во текот на посетата на Република Србија. Тој за првпат Нови Пазар го посети во својство на премиер во 2010 година, а како претседател на Турција, заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посети градот во октомври 2017 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın