Ekip
20 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов, на работниот ручек изразиле задоволство од консолидирање на цврстите врски меѓу двете земји преку меѓусебните средби кои се интензивираа во последиот период, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Кабинетот на турскиот премиер, Јилдирим и Иванов се состанале на работен ручек одржан во палатата Чанкаја во Анкара. Се истакнува дека сонародниците кои живеат во Македонија се најзначајниот елемент на братскиот мост помеѓу двете земји.
Јилдирим и Иванов изразиле задоволство од консолидирање на цврстите врски меѓу двете земји преку меѓусебните средби, кои се интензивираа во последниот период.
Претседателот Иванов упати благодарност до Турција за поддршката во напорите на Р. Македонија кон евроатлантските интеграции.