БЕЛГРАД (АА) - „Претставниците на Српската листа излегуваат од Владата на Косово и за таа одлука имаат поддршка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, изјави денес претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, јавува Anadolu agency (AA).
На прес-конференцијата во Белград, а по состанокот со Вучиќ, Ракиќ изјави дека „...по вчерашниот терористички напад врз невооружениот српски народ и врз претставниците на Владата на Србија“, легитимните претставници на Србите на Косово не можат да бидат неми.
„Нема повеќе да бидеме икебана“, изјави Ракиќ.
Тој рече дека нема да ги исплаши вчерашното апсење на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Марко Џуриќ.
„Остануваме долу и ќе ги браниме нашите домови, никаквата ROSU полиција нема да не исплаши, ниту да нè избрка од тие простори“, додаде Ракиќ.
Според неговите зборови, вчерашниот настан бил пробен балон за косовските институции, за нивниот начин на преземање на северниот дел на Косово.
„Ние со тоа го запознавме претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и она што нè радува е дека тој рече дека нема да дозволиме никаква нова 'Бура', ниту нов 'Блесок' “, наведе Ракиќ.
Тој изјави дека и утре ќе биде одржана седница на собранијата на сите десет српски општини на Косово, на која ќе биде изнесен предлогот, на 20 април, на петгодишнината од Бриселскиот договор, Србите да формираат Заедница на српските општини, и дека ZSO ќе биде формирана во согласност со Меѓународното право.
„Ние за тоа зборувавме и со претседателот Вучиќ, и тој рече дека ќе ја поддржи секоја наша одлука, како што го правеше тоа и досега“, изјави тој.
Ракиќ ги повика и сите Срби кои Албанците ги повикуваат да бидат дел од Војската на Косово, да не го прават тоа.
„Немојте тоа да го правиме, немојте да бидеме волк еден на друг, да бидете волци на нашите, на српските деца. Ќе најдеме начини, доколку вашата материјална состојба не е на завидно ниво, но ве молам и барам од вас да не одите во таа војска, зашто утре ќе дојдеме во ситуација брат да удри брат, а такво нешто во овој момент ни треба најмалку“, изјави Ракиќ.
На прес-конференцијата зборуваше и директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ.
Коментирајќи го вчерашниот настан, Ѓуриќ изјави: „Албанските сепаратисти во Приштина, со очигледна и недвосмислена поддршка на одредени западни кругови, брутално и насилно го нападнаа нашиот народ на северот на Косово, со апсолутна јасна намера со насилство, со терор, со закани, со вооружена фаланга до забите да го окупираат северниот дел на Косово.“
„Доколку немаше ниту еден повик од Белград, сосема е јасно дека насилството и теророт врз Србите ќе се продолжеше. Горд сум на нашите Срби, на нашите храбри мажи и жени кои не се и нема да потклекнат и ќе продолжат да се борат за Србите и за својот народ“, рече Ѓуриќ.
Тој додаде дека е добро, дека добил неколку удари, дека во подрум во Приштина го удирале, дека некој извлекол нож и му се заканувал, но дека не се чувствува лошо.
Запрашан што значи тоа за понатамошното продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ѓуриќ изјави дека меѓународните претставници кои го дозволиле ова, а можеби и го охрабриле, а секако Приштина, вчера покажале што мислат за продолжението на дијалогот.
Тој најави и можност дека денес, во текот на денот, во Белград ќе дојдат многу високи претставници на ЕУ.
Ѓуриќ, исто така, оцени дека вчерашното апсење докажува дека единствената желба е дијалогот помеѓу Белград и Приштина да се обесмисли и да се поткопа желбата да се најде компромисно решение.
„Некој сакаше да го обесмисли дијалогот, да ја поткопа секоја можност за изнаоѓање компромисно решение, бидејќи правата и правдата се исплашени, и верувајте, не им е сеедно дури ни денес, бидејќи знаат дека Србите од Косово нема да се откажат“, додаде тој.
- Едногласна одлука -
Член на Претседателството на Српската листа, Далибор Јевтиќ, рече дека одлуката за отстапување од Владата на Косово била едногласно донесена, и дека косовските институции вчера покажале дека сакаат да го понижат српскиот народ, но дека со тоа самите си нанеле најголема штета.
„Ова само уште повеќе нè обедини и нè зајакна, и ние тоа единство ќе го докажуваме и во наредните денови, ќе се бориме и ќе продолжиме да се бориме голораки на демократски начин, но нашата борба за цел го има мирот и тоа е нашиот единствен мир и борба, нашиот народ на Косово во иднина да го има уште повеќе“, заклучи тој.
Ѓуриќ вчера е уапсен бидејќи немал дозвола за влез на Косово, но потоа е пуштен и вратен во Белград.