ПРИШТИНА
На вонредната седница на Собранието на Косово денес е избрана новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти, лидерот на Движењето „Самоопределување", јавува Агенција Анадолија (АА).
За новата Влада гласаа 67 пратеници, 30 беа против, немаше опоненти. За избор на Владата беше доволно просто мнозинство или 61 глас од 120 пратеници.
Вонредната седница е свикана на барање на 52 пратеници, откако вршителот на должноста претседател на Косово и новиот претседател на Собранието на Косово Глаук Коњуфца го именуваше Албин Курти за мандатар на предлог на Движењето „Самоопределување", кое има 58 пратеници.
Албин Курти на почетокот на седницата го претстави премиерскиот експозе во кој ги наведе главните цели на неговата Влада. Тој рече дека пандемијата останува главен предизвик и дека ќе започне со планот на намалување на случаеви на заразување со коронавирусот (Ковид-19) и обезбедување вакцини за 60 проценти од населението.
Курти рече дека новата Влада ќе го продолжи процесот на проверување на работата на правосудниот систем, кој е започнат минатата година кога тој бил премиер.
Курти понатаму наведе дека ќе направи реформи во образовниот систем, ќе ги претвори училиштата во местата на кои се појавуваат научници. Вети дека ќе го врати достоинството на просветните работници.
Мандатарот изјави и дека без признавање на реалноста на независно Косово и прифаќањето на вистината од страна на Србија не може да има нормализација на односите помеѓу двата народи и двете земји.
Курти рече дека со Србија Косово има отворени прашања кои треба да ги реши со дијалог, но додаде дека не може да се постигне напредок ако нема напредок во решавањето на судбината на исчезнатите во Косово.
Курти рече дека со сите соседни земји ќе развива добри односи, но врз база на реципроцитет.
Тој изјави дека со Косово веќе нема да прави никакви компромиси, бидејќи како што наведе, компромисите се завршени со пакетот на Ахтистари за прогласување на независноста.
Мандатарот рече дека е јасна ориентацијата на Косово со САД и трансатланските сојузници.
„Неуморно ќе работиме на тоа Косово да стане дел од НАТО и дел од ЕУ бидејќи споделуваме заеднички вредности и цели. Патот кон интеграцијата во ЕУ може да биде предизвикувачки, но нема алтернатива за Косово. Западен Балкан мора да биде демократизира, покрај тоа што треба да биде развиен", рече Курти.
Курти, исто така, ги претстави плановите за социјална помош на семејствата со деца.
Пратеникот на Демократската партија на Косово Енвер Хоџај, кој е и вршител на должноста претседател на таа партија, рече дека неговата партија нема да ја гласа Владата на Курти. Тој го критикуваше експозето на мандатаот, со оценка дека нема никаква владина програма, туку дека е изнесена листа на желби.
Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз на Косово Лумир Абдиџику рече дека ЛДК ја почитува волјата на граѓаните на Косово, но потсети дека не смее да има ароганција бидејќи „од друга страна на мнозинството од 50 отсто, се останатите 50 отсто во Собранието."
И другите пратеници од опозициските партии, ПДК, ЛДК и Алијанса за иднината на Косово го критикува идниот премиер, затоа што владината програма им е поделена пет минути пред почетокот на владината седница. Повеќето нагласија дека програмата нема ништо конкретно како Владата ќе ги решава бројните проблеми во земјата.
Пратеникот од Српска листа Игор Симиќ рече дека Српска листа не го поддржуват Албин Курти како премиер. Тој рече дека е прекршен Уставот на Косово затоа што Србите не добија две министерства, колку што им припаѓа врз основа на резултатите од изборите од 14 февруари. Најави жалба до Уставен суд.
Пратеничката Емилија Реџепи, меѓутоа, цитирајќи го Уставот, рече дека не е точно дека е прекршен Уставот, бидејќи во него не пишува дека Србите мораат да имаат две министерства.
Во владиниот кабинет ќе има 15 министерства, три заменик премиери, а меѓу нив се пет жени.
Првиот заменик премиер е за европски интеграции, развој и дијалог, Бесник Бислими.
Втора заменичка на премиерот и министерка за надворешни работи и дијаспора е Доника Гервала.
Трета заменичка на премиерот е вицепремиерката за малцинства Емилија Реџепи, од бошњачката партија Нова демократска партија.
Министер за финансии, труд и трансфери е Хекуран Мурати.
Министер за правда е Албуне Хаџиу.
Министер за здравство е Арбен Витиа.
Министер за образование, наука, технологија и иновации е Арберие Нагавци.
Министер за култура, млади и спорт е Хајрулах Чеку.
Министер за администрација, локална управа е Елберт Красниќи од египќанската заедница.
Министер за жвиотна средина, просторно планирање и инфраструктура е Либурн Алиу.
Министер за земјоделство е Фатон Пеци.
Министер за образование е Арменд Мехај.
Министер за внатрешни работи и јавна управа е Џелал Свечла.
Министерка за индустрија, претприемништво и трговија е Розета Хајдари.
Министер за економија е Артан Ризваноли.
Министер за заедници е Горан Ракиќ од Српска листа.
Лидерот на Турската демократска партија на Косово Фитим Дамка е министер за регионален развој.
Претходно денеска на конститутивна седница на осмиот состав на Собранието на Косово, избрано на предвремените парламентарни избори одржани на 14 февруари, пратениците за претседател на Собранието го избраа Глаук Коњуфца од победничката партија Движењето „Самоопределување".
Движењето „Самоопределување“ има 58 од 120 пратеници и тоа е најбројна пратеничка група во Собранието на Косово. Втора по големина, со 19 пратеници, е групата на Демократската партија на Косово, додека третата група има 15 пратеници. Тоа е пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово. Српска листа има 10 пратеници, додека на останатите немнозински заедници им припаѓаат 10 пратеници.