Zylfije Adem Jakupi
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи се состана со институционалните и политичките лидери од власта и опозицијата, освен со премиерот Албин Курти кој не се одазва на неговиот позив за да разговараат за „актуелниот политички момент низ кој Косово минува и за чекорите кои треба да ги преземе во поскорешна иднина", јавува Агенција Анадолија (АА).
Тачи на конференцијата за новинари по сите состаноци нагласи дека посебно сакал да разговара со лидерите по состанокот во Вашингтон, во Белата куќа, помеѓу него и претседателот на Србија Александар Вучиќ во организација на амбасадорот Ричард Гренел, специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот на Косово и Србија.
Косовскиот претседател се состана со Иса Мустафа, лидерот на Демократскиот сојуз кој е дел од владејачката коалиција, лидерите на опозициските партии Кадри Весели, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај и Беџет Пацоли, како и со претставниците на „Српска листа" и пратеничката група на останатите малцинства „6 плус".
Претседателот изјави дека за денес бил планиран и потврден состанок со премиерот на Движењето „Самоопределување" Албин Курти, но пет минути пред почетокот состанокот е анулиран.
Иако премиерот Курти минатата недела сам го повика претседателот Тачи на состанок поради координација на надворешната политика во врска со дијалогот со Србија, денес не се појави кај Тачи.
Тачи порача дека ќе се состане и со премиерот кога тој ќе смета дека тоа е од интерес, но нагласи дека Косово нема време за губење и чекање на било чие расположение.
Истовремено, претседателот Тачи оцени дека средбата со Иса Мустафа била одлична.
„Се согласивме како и обично дека треба да имаме заеднички став за прашањата од витален интерес за државноста, внатрешната и надворешната координација, исклучително го ценам придонесот на поранешниот премиер Мустафа, лидерот на ДСК, кој секогаш имаше конструктивна улога во однос на прашањата за изградба на државата, реформите и евроатланската перспектива", рече Тачи.
Претседателот истакна и дека со лидерот на опозициската Демократска партија на Косово, Весели, разговарал за потребата од единстен став на опозицијата и власта, што, според него, е камен темелник на реализација на прашањата од заеднички интерес.
Според Тачи, и останатите лидери се согласиле дека е потребен обединет политички став за доброто на државата. Исто така, рече дека на лидерите на помалкубројните заедници им рекол дека конечен мировен договор со Србија за заемно признавање, и го следел мултиетничкиот карактер на Косово.
„Сега кога имаме многу поволно опкружување на адреса од најголема доверба, вечна и специјална, Вашингтон, САД, кои не само ги имаме на маса, туку и го предводат процесот, мислам дека секој поинаков глас, е глас кон не може да се спои со стварноста, со нашиот пристап кон брзи, добри и остварливи решенија", рече Тачи.
Одговарајќи на новинарски прашања, Тачи рече дека се неодржливи изјавите кои се појавија во јавноста дека во Вашингтон се разговарало за прашањето на границите помеѓу Косово и Србија и дека секое решение кое се постигне ќе биде во рамките на Уставот на Косово.
Исто така, рече дека Европската унија која досега посредувала во дијалогот, првин треба да ги укине визите за граѓаните на Косово, па дури тогаш да размислува дали може да се бави со дијлогот.