Fatjon Cuka
02 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
ТИРАНА (AA) - Премиерот на Албанија Еди Рама, реагираше во врска со последните случувања во Македонија каде што претседателот Ѓорѓе Иванов не му додели мандат на претседателот на СДСМ Зоран Заев за формирање на новата Влада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во пораката објавена на неговиот профил на социјалните мрежи Рама пишува: „Господите Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку јазик на државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседателе".
Потсетуваме, претседателот Ѓорѓе Иванов претходно изјави дека „нема да го додели мандатот на секој оној кој преговара за платофрми на други држави". Тој наведе дека по изборите одржани на 11 декември минатата година, Македонија се соочи со „непријатно изненадување од една постизборна политичка платформа од туѓа држава."
Иванов посочи дека содржината на платформата е „надвор и од Уставот и од Охридскиот рамковен договор и го загрозува унитарниот карактер, суверенитетот и независноста на Република Македонија."