Балкан

Рама: На Европа ѝ е потребен Балканот исто колку што на Балканот му е потребна Европа

„Нема да ни направат услуга со тоа што ќе нѐ внесат во Европа, туку Европа ќе си направи услуга со интегрирање на Балканот. Ние сме во срцето на континентот и треба да бидеме дел од ЕУ...“

Fatjon Cuka  | 09.02.2025 - Обновена : 12.02.2025
Рама: На Европа ѝ е потребен Балканот исто колку што на Балканот му е потребна Европа

ТИРАНА (АА) - Албанскиот премиер Еди Рама порача дека на Европа ѝ е потребен Балканот исто како што на Балканот му е потребна Европа, пренесува Анадолу.

Рама во интервју за шпански дневен весник се осврна на неколку прашања, меѓу кои миграцијата, процесот на европската интеграција на Албанија и Балканот, политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и други прашања.

„Нема нам да ни направат услуга со тоа што ќе нѐ внесат во Европа, туку Европа ќе си направи услуга со интегрирање на Балканот. Ние сме во срцето на континентот и треба да бидеме дел од ЕУ. Во спротивно, другите ќе ја искористат можноста и ќе го добијат тој простор“, рече Рама.

Тој, исто така, посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп е благослов за Европа и дека Европа ги има сите причини да се разбуди и да стане голема сила.

„Бог го сочува Доналд Трамп да ја разбуди Европа. Значи, Трамп е благослов за Европа во смисла дека Европа ги има сите причини да се разбуди, да се промени и да стане многу посвесна дека потребата за промени не може да се одложува секоја година. Европа може и мора да биде голема сила, а за да го стори тоа мора да се промени и да стане самодоволна“, нагласи Рама.

Зборувајќи за прашањето за миграцијата, Рама рече дека Италија не префрла мигранти, туку според него, едноставно настојува да ги искористи двата центри што ги има во Албанија само за нивно процесуирање.

Во однос на преговорите за членство на Албанија во ЕУ, Рама изјави дека преговорите се одвиваат по курсот утврден во Мапата на патот, која според него е иста за сите земји.

На прашањето какви се односите меѓу Албанија и Русија во моментов, Рама одговори дека Албанија нема никакви односи со Русија.

„Ние сме единствената земја во Европа, од падот на комунистичкиот режим во 1990 година, која немала ниту една посета од Москва. Мислам на посета на највисоко ниво“, рече тој.

Рама укажа и на важноста на преговорите меѓу Русија и Украина со цел да се постигне неопходниот мир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın