Ata Ufuk Şeker
21 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Претставниците на земјите членки на Европската унија (ЕУ) одлучија да ги продолжат економските санкции кон Русија, воведени поради улогата на официјална Москва во украинската криза, за уште шест месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Санкциите кон Русија во секторите енергетика, банкарство и одбрана ќе останат, по ова продолжение ќе останат на сила до крајот на јули 2016 година. Одлуката стапува на сила вечерва на полноќ.