Furkan Abdula
05 Јуни 2021•Ажурирај: 06 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 29 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.407, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 6 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.448.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 148.960.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 999.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.856 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања.